Хакери ја злоупотребиле наивноста на вработените во операторите и собрале 5 милиони долари

„Кажи му на татко ти  да ни прати биткоини“, ова е една од пораките која хакерите и ја испратија на една од жртвите. Она што може да се истакне овој пат е дека корисниците кои треба да ја платат откупнината не се воопшто виновни.

Напаѓачите всушност успеале преку „SIM hijack“ да дојдат до доволно телефони за да стигнат до вкупна „заработка“ од 5 милиони долари во криптовалути. Жоел Ортиз од Бостон, успеал да собере телефони од 40 жртви, јави Motherboard.

Ова изгледа помалку претерано, но жртвите на г. Ортиз и неговите соработници се крипто ентузијасти. А криминалците ги одбрале жртвите на „Consensus“ конференција за криптовалути во Њујорк.

Она што е карактеристично за нападот е дека за него не се потребни никакви напредни технички вештини. Криминалецот влегува кај провајдерот и го убедува да му го префрли бројот. Но, бројот кој сака да го префрли воопшто не е во негова сопственост.

Како функционира SIM hijack

Главниот дел од измамата е напаѓачот да успее да убеди некој од вработените во телекомуникацискиот провајдер, да му префрли телефонски број.Штом дојде до телефонот, напаѓачот ги ресетира сите лозинки, пример Gmail и добива пристап до новчаниците за криптовалута. Штом се случи ова, ги празни новчаниците.

Само во еден напад, од една сметка, г. Ортиз украл 1,5 милиони долари. Две жртви биле на состанок кога бил украден телефонот на еден од нив.

„Бевме заедно на состанок и одненадж викна, сра*е телефонот престана да работи. Подоцна прати порака: Ми ја хакнаа е*ната SIM картичка“, вели анонимна жртва за Motherboard.

 

 

Image courtesy of Motherboard

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии