Хакери ја објавија базата на податоци на сите кои споделуваат детска порнографија

Минатата недела група на членови на хактивистите Anonymous ги пробија серверите на хостинг компанијата Freedom Hosting II. Според непотврдени информации на овие сервери се хостира една петтина од таканаречениот Dark web.

Како последица на нападот срушени се 10.613 страници, и ископирана е базата на податоци на Freedom Hosting II. Според членовите на Anonymous половина од базата е детска порнографија. Дополнително половина од веб сајтовите кои се хостирани на Freedom се достапни единствено преку Tor, јави Verge.

„Здраво Freedom Hosting II, хакирани сте.“, вели кусата порака која ја остави Anonymous.

Хактивистите имале пристап до податоците од 20.јануари. Тогаш имале единство „read access“, и не можеле да ги менуваат податоците, вели еден од хакерите во интервју за Motherboard, додавајќи дека ова е негово прво вакво хакирање.  На почеток не сакаа да го срушат FH2. Некои од сајтовите кои се хостирани имаа детска порнографија и тоа неколку гигабајти материјали, а според хакерите хостинг провајдерот морал да знае за овие податоци и да го игнорира свесно тој факт.

Хакерите јавно ги споделија овие податоци. Во податоците има и имејл адреси од 381.000 корисници. Сепак најверојатно најголем дел од овие адреси се за една употреба, вели Next Web. Интересно 21 отсто од овие податоци веќе биле хакирани и се во базата на Have I Been Pwned?, што наведува на теоријата дека за пристап до содржините се користеле туѓи мејлови кои претходно се хакирани со цел да се скрие трагата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии