Хакери ја нападнаа NASA, украдени податоци на вработените

Нов ден, нов сајбер напад. Она што е интересно во овој случај не е големината на нападот, туку метата. Цел на напаѓачите е американската вселенска агенција NASA.

Претставници на агенцијата ги известија вработените дека хакери ги имаат нивните лични податоци. Ова известување беше објавено и на SpaceRef.

Според споделените податоци за нападот дознале на 23 октомври. Напаѓачот имал пристап до серверот на кој се чуваат броевите од социјалното осигурување. На серверите се чуваат податоци на сите вработени од 2006 година.

„Нашиот тим сериозно ја сфаќа заштитата на личните податоци. Безбедноста на информациите останува главен приоритет за NASA. NASA ги продолжува своите напори да ги обезбеди сите сервери и ги разгледува своите процеси и процедури за да се осигура дека најновите безбедносни практики се следат низ целата агенција.“

Ова не е прв пат агенцијата да биде цел на напад. Претходно во 2011 година напаѓачите дојдоа до пристап до серверите од лабораторијата за млазен погон, јави BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии