Хакери го стартуваа се уште необјавениот музички сервис на Google

Хакерот WhiteWidows на својот рутиран телефон, модифициран уред каде корисникот ја има целосната контрола манипулирајќи го фабрички наместениот уред, успеал да го стартува сервисот така што ја тргнал default апликацијата за музика и ја инсталирал верзијата за Аndroid Honeycomb оперативниот систем. Користената Honeycomb верзија е верзија искористена за демонстрација на I/O developers конференцијата кога Google прв пат ги најави плановите за ваков музички сервис.

„Апликацијата ми побара неколку дозволи и ги прифатив сите. Синхронизирањето започна и видов дека под Account и Sync се синхронизира музиката. Ова се синхронизираше преку ноќ. Ставив празна SD картичка. Тогаш отидов во Jumper Test што доаѓа со музичката апликација, го стартував под Controls таб, стартував тест под Log таб (пoкажа 785 фајла и имиња на фајловите), се вратив во музичката апликација, отидов во музичките опции и видов Stream music опција со целата моја музика. Пуштив неколку песни и немаше никаков проблем.“, вели хакерот.

Според корисниците на XDA-Developers форумот, Google Music синхронизацијата дозволува да се пренесе целата музика на облакот од каде што може да се пуштаат песни без тие да бидат на телефонот. Хакнатиот сервис си има свои проблеми, пример, се срушува, и се уште не е познато каде се складира музиката после синхронизацијата. Но, сепак работи!

Google го демонстрираше музичкиот сервис уште во ланскиот мај, но сервисот се уште не е стартуван поради, како што вели Google, проблеми околу договори за лиценци со музичката индустрија. Се уште нема официјално кога ќе биде објавен сервисот.

2 коментари на “Хакери го стартуваа се уште необјавениот музички сервис на Google

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии