Хакери го срушија сајтот на Mastercard како одмазда за Wikileaks

Пред неколку дена, Mastercard заедно со Visa одбија да ги спроведуваат донациите за Wikileaks. Сега Mastercard заедно со Visa, PayPal, Amazon и други сервиси кои одбија да го опслужат Wikileaks станаа мета на хакерската група Anonymous од контроверзниот 4chan форум.

Групата претходно го сруши за 16 часа сајтот на Швајцарската пошта која му ја затвори сметката на г. Асанж, но не успеа со нападите врз PayPal на кој му го срушија само блогот. И двата сајтови сега функционираат.

„Сите сајтови кои ја наведнуваат главата под притисок од властите се мета.“, вели хакерот Coldblood од Anonymous за Arstechnica.

Oбјавен е и постер за „Операција: Одмазда за Асанж“ кој повикува кон активизам: да се започне со DDoS апади кон PayPal и другите сервиси, да се продолжи споделувањето на Wikileaks документи преку друштвите мрежи, да се испратат писма и мејлови до владини претставници и да се организираат протести низ улиците.

И, интересно, стои дека треба да го изгласаат основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж како Time личност на годината, гласајќи на онлајн анкета. Тоа е акција која еднаш им успеа на корисниците на 4chan, кои ја наместија Time анкета во која вметнаа порака и на прво место го поставија Кристофер Пол, основачот на 4chan.

9 коментари на “Хакери го срушија сајтот на Mastercard како одмазда за Wikileaks

    1. аман со овие твои реклами …. имаш потреба од промоција? имаш форум и отвори си тема таму… или најди си пософистициран начин од webs и безпотребно замарање тука

      1. Имаш право, си го потрошив времето за ништо, и така никој не ви го посетува сајтов.

      2. Мислам дека можеше подобро да промовираш свое дело, наместо да спамираш на куп постови неповрзани со тоа што промовираш.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии