Хакери дојдоа до пристап до видео надзорот во Tesla, Cloudflare, болници и затвори

Дејан Соколоски

во Вести

Стартапот Verkada кој овозможува услуги во облак за безбедносни камери е жртва на хакери. Напаѓачите добиле пристап до над 150 000 камери. Дел од камерите се поставени во фабриките на Tesla, Cloudflare, затвори, болници, полициски станици.

Целата на нападите била да се покаже распространетоста на видео надзорот на работните места и колку едноставно е да се хакираат, вели Тили Котман кој е еден од напаѓачите. Во дадениот случај напаѓачите не ги хакирале камерите, туку успеале да дојдат до незаштитен интерен систем кој бил отворен на интернет.  Во системот успеале да пронајдат хардкодирана лозинка за супер админ.

Хакерите имале пристап до над 150 000 камери, а дел од овие камери имале технологија за препознавање на ликовите. Напаѓачите имаат пристап до целокупната архива на сите клиенти на Verkada, јави Bloomberg. Новинарот на Bloomberg потврди дека напаѓачите имале пристап до камерите и видел видео од камерите во Halifax Health болницата во Флорида и од производните погони на Tesla во Шангај.

Стартапот Verkada објави дека ги прекинале сите интерни администраторски профили за да го спречат понатамошниот пристап на напаѓачите. Напаѓачите пред да им биде прекинат пристапот преземале 5GB податоци од Verkada, иако велат дека можеле да земат и многу повеќе.

Verkada не е прва „жртва“ на Тили Котман. Мината година објави 20 GB податоци од Intel, а му се припишуваат и успешни пробивања на заштитата на AMD, Microsoft, Adobe, Lenovo, Qualcomm и Motorola, вели ArsTechnica.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии