Хакери далечински изгасија мотор на возило во движeње

Безбедносните експерти Чарли Милер и Крис Валасек успеаја да најдат начин како да хакнат Jeep Cherokee од 2014-та година во движење. Се работи за експеримент кој експертите го направија со новинарот на Wired, Анди Гринберг, со кој покажаа дека преку zero-day exploit врз внатрешната електроника може да имаат целосна контрола врз возилото. Иако оваа електроника е наменета за GPS, праќање пораки, добивање други информации, таа може да се искористи и за сериозни злоупотреби како далечинска контрола врз климата, брисачите, да ги заклучат вратите, и тоа што е најстрашно – успеаја далечински да го изгасат моторот на возилото и да ги изгасат кочниците.

Г. Милер и г. Валасек велат дека го хакнуваат возилото преку реконфигурирање на фирмверот на системот за забава, што потоа, преку внатрешниот систем на автомобилот, им дава целосна контрола врз целата вградена електроника. Тие го информирале Chrysler за пропустот за да изработи закрпа за сите понови модели, и велат дека нивниот експеримент е направен за да се информираат компаниите за можните опасности. Сепак, хакерите велат дека нивното откритие е направено само со еден модел и постои опасност вакви пропусти да има и во други возила кои „стануваат паметни телефони“, односно стануваат уреди од неколку тона кои се постојано поврзани на интернет.

3 коментари на “Хакери далечински изгасија мотор на возило во движeње

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии