0 коментари 1 мин. читање

Ransomware: Бараат 3,6 милиони долари од болница што ја хакнаа

Хакерска група бара 3,6 милиони долари да ја вклучи повторно мрежата во медицински центар во Холивуд. Засега е непознато која група стои зад нападот, но трендот да се користи ransomware е очигледен, иако овој пат наместо лични компјутери и податоци, станува збор за болница. Откупот треба да биде исплатен во 9.000 биткоини.

Нападот е направен така што е искористен злонамерен софтвер кој го блокира пристапот до мрежата на болницата додека не биде исплатен откупот. Поради ова вработените во болницата немаат пристап до медицинските картони и историјатот на болеста на пациентите. Болницата работи во вонредни услови, а лекарите и персоналот испраќаат документација преку телефон или факс, а компјутерите потребни за работа во лабораторијата, магнетна резонанца, па дури и аптеката се исклучени.

Дел од пациентите се испратени во други болници, а барем засега болницата не прима нови пациенти. Болницата не е намерно избрана, туку станува збор за случаен напад, вели директорот на болницата, Ален Стефанек. Хакерите нашле пропуст кој го злоупотребуваат. Овие напади не се реткост, но вообичаено откупот е најмногу неколку стотици долари, пренесува CSO.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top