Хакер се обиде да ја контаминира водата во Олдсмар, Флорида

Неидентификуван хакер се обиде од далечина да ја затруе водата во градот Олдсмар на Флорида. Тој имал пристап до контролите на постројката за третман на вода, и го променил количеството натриум хидроксид кое се додава за контрола на киселоста на водата.

Напаѓачот успеа преку TeamViewer неовластено да пристапи до компјутерите и да ја преземе контролата врз системот. За среќа еден од вработените во истиот момент го надгледувал системот и го забележал тоа. Напаѓачот го зголемил количеството на натриум хидроксид кое се додава во водата од 100 на 11100 делови на милион. Количеството кое протече пред да биде сопрен нападот е незначително, и нема опасност за жителите на Олдсмар.

„Вработениот како што му се и задолженијата, седеше и го надгледуваше компјутерот. Одненадеж забележал дека се отвора прозорец и некој пристапува до компјутерот“, вели шерифот Боб Гаулитиери.

Пристапот преку TeamViewer не е невообичаен. Покрај ИТ-секторот понекогаш и претпоставениот се приклучувал за да ја контролира работата на системите. Сепак кога ги забележал промените, вработениот веднаш ги известил претпоставените, кои потоа ја известиле полицијата.

TeamViewer е софтвер кој овозможува контрола на далечина и споделување на десктоп пристап на корисници од различни компјутери. Вработените во постројката го користат TeamViewer за споделување на екран и за решавање на ИТ проблеми, вели Wired.

Засега е непознат идентитетот на напаѓачот, но и локацијата од која е извршен нападот. Истрагата треба да покаже како напаѓачот успеал да дојде до TeamSpeak и до системот за регулирање на киселост на водата.

Во овој случај се поставени мерки за заштита, па дури и никој да не го забележал „нападот“ сензорите ќе jа забележат разликата во ПХ-вредноста и ќе алармираат за опасноста. Сепак она што овој настан го покажува е дека е дека мора да се направи разделување од ИТ-системите со пристап на интернет и техничката мрежа која ја контролира работата во погоните. Иако во овој случај нападот нема никакви последици, доколку овие мрежи беа поделени немаше ниту да постои опасност за пристап до системите кои физички управуваат со квалитетот на водата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии