Хакер по вторпат доби 60.000 долари за пробивање на Chrome

Google објави дека хакерот што се крие позади алијасот Pinkie Pie повторно ја освоил најголемата награда за откривање на безбедносен пропуст во нивниот прелистувач Chrome.

Наградата се доделува за пропусти кои се во самиот Chrome, односно не се однесуваат на оперативниот систем или разните додатоци кои може да се инсталираат на прелистувачот.

Pinkie Pie кој на минатиот Pwnium откри како да ги заобиколи sandbox рестрикциите, овојпат на второто издание нa Pwnium повторно ја освои најголемата награда од 60,000 долари. Имено, неговото ново откритие е во WebKit Scalable Vector Graphics (SVG) и IPC слојот, со цел да се заобиколи sandbox-от на Chrome.

Натпреварот Pwnium 2 се одржа на настанот Hack in the Box 2012 во Куала Лумпур.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии