Сѐ уште трае празничната сезона, па тоа нека биде изговор да не се впуштаме во сериозни теми. Наместо тоа, еве краток осврт на една од презентациите што се одржаа на 28c3 – Behind Enemy Lines насловена „Хакот нема да биде прикажан на телевизија“.

Презентацијата всушност е некој вид на препорака за филмови кои ја третираат темата на хакирањето, хакер(к)ите и културата, и навистина не станува збор за некој, барем за мене, список со непознати филмови.

Каспар Клемен Миро наведува дваесетина филмови во кои хакерите имаат некаква улога. Некои од тие наслови се и дел од филмовите што јас со задоволство ги гледам во голем број репризи: „Џони Мнемоник“, „Душкала“, „Воени игри“…

Но, предавањето не е само набројување на филмовите. Миро презентира и десет тези за тоа како се претставуваат хакерите во филмовите. Помеѓу поинтересните ми се чинат тоа дека чест мотив во филмовите е хакерите да носат очила на кои се рефлектира екранот во кој гледаат, потоа дека компјутери на Apple често се дел од хакерските сцени и тоа дека жените имаат споредна улога и често се прикажани како помалку способни.

Се разбира може да се најдат и спротивни примери за овие тези и токму тоа ја прави целата работа интересна за дискусија. Миро одржува и подолг список на филмови за хакери, па погледајте нешто по желба додека ни трае новогодишната дремка.

Јас планирам да го гледам „Девојката со тетоважа на змеј“. Eве ја листата:

  • 1973 – World on a Wire, IMDB
  • 1982 – Blade RunnerIMDB
  • 1982 – Tron, IMDB
  • 1983 – WarGames, IMDB
  • 1987 – Peng! Du bist tot!, IMDB
  • 1992 – Sneakers, IMDB
  • 1993 – Jurassic Park, IMDB 
  • 1994 – Drop Zone,  IMDB
  • 1994 – DisclosureIMDB
  • 1995 – AssassinsIMDB
  • 1995 – The Net, IMDB
  • 1995 – Ghost in the Shell, IMDB
  • 1995 – HackersIMDB
  • 1995 – Strange DaysIMDB
  • 1995 – Johnny MnemonicIMDB
  • 1997 – NirvanaIMDB
  • 1998 – 23IMDB
  • 1998 – Enemy of the StateIMDB
  • 1998 – PiIMDB
  • 1999 – The Thirteenth FloorIMDB
  • 1999 – Office Space, IMDB
  • 1999 – Pirates of Silicon ValleyIMDB
  • 1999 – eXistenzIMDB
  • 1999 – MatrixIMDB
  • 2000 – Takedown, IMDB
  • 2001 – Freedom DowntimeIMDB
  • 2001 – Passwort SwordfishIMDB
  • 2001 – Revolution OSIMDB
  • 2001 – StartupIMDB
  • 2002 – Half The RentIMDB
  • 2002 – Minority ReportIMDB
  • 2003 – PaycheckIMDB
  • 2003 – The Italian JobIMDB
  • 2004 – Lücke im SystemIMDB
  • 2004 – One Point ZeroIMDB
  • 2004/2005 – The.Scene, (Серија)
  • 2006 – Die Brandmauer, IMDB
  • 2006 – Firewall, IMDB
  • 2006 – Pulse,  IMDB
  • 2006 – The.Scene 2.0, (Серија)
  • 2006 – The Net 2.0IMDB
  • 2007 – Can You Hack It?,  Wikipedia
  • 2007 – Live Free or Die HardIMDB
  • 2008 – UntraceableIMDB
  • 2008 – Hackers are People TooIMDB
  • 2008 – War Games 2: The Dead CodeIMDB
  • 2009 – The Girl With The Dragon Tatoo, IMDB
  • 2009 – The Girl Who Played With FireIMDB
  • 2009 – The Girl Who Kicked The Hornets NestIMDB
  • 2010 – HackerIMDB
  • 2011 – Tron Legacy, IMDB
  • 2011 – The Girl with the Dragon Tattoo, Moviepilot

3 коментари на “Хакер(к)ите на филм

  1. На списоков НЕ фали (моја грешка :)) „Нирвана“ <a href="http://(https://en.wikipedia.org/wiki/Nirvana_%28film%29)” target=”_blank”>(https://en.wikipedia.org/wiki/Nirvana_%28film%29) италјански сајберпанк филм што беше најавуван како некаква филмска верзија на „Неуромансер“ на Вилијам Гибсон. Исто така фали и „New Rose Hotel“ <a href="http://(https://en.wikipedia.org/wiki/New_Rose_Hotel_%28film%29)” target=”_blank”>(https://en.wikipedia.org/wiki/New_Rose_Hotel_%28film%29) иако не знам колку хакирање има во овој. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии