Hacker Rank: “Во моментов JavaScript e најбаран програмски јазик”

Hacker Rank е сервис кој се обидува да ја пронајде вистинската работа за секој развивач. Организацијата сега споделува дел од податоците кои ги има во својата база со надеж дека ќе им помогнат во иднина. Еве дел од интересните податоци од истражувањето во кое учествувале 39.441 девелопери.

Најголем дел од развивачите почнуваат да кодираат како помлади. Дури 25% започнале да кодираат пред да наполнат 16 години. Ако сте постари не очајувајте, дури 36% од развивачите кои започнале да кодираат по 26-та година, сега кодираат на повисоко ниво.

Image courtesy of Hacker Rank

Најголем дел од програмерите започнале да програмираат од 16 до 20 години. Речиси сите програмери (околу 90%) започнале помеѓу 11 и 26 години.

Кога се во прашање најмладите програмери, на листата од 17 држави, на прво место е Велика Британија. Бидејќи  во 70-те и 80-те години кога беше во тек информатичкиот бум, Велика Британија инвестирала најмногу и има најмногу развивачи на возраст помеѓу 30 и 40 години.

Image courtesy of Hacker Rank

Ако претходните генерации својата глад за знаење ја задоволувале преку книги, новите генерации тоа го прават преку видеа. Најголем дел од развивачите, 73.7% се самоуки, а 69.4% научиле да програмираат преку образовните институции.

Работодавците се изјасниле дека најважно е нивните вработени да се добри во решавање на проблеми, дури повеќе од владеење на програмски јазици, решавање на багови и системски дизајн.

Image courtesy of Hacker Rank

Како станува збор за вашето резиме, истражувањето покажало дека на работодавците поважно им е вашето искуство од вашата диплома, без разлика на кој престижен универзитет можеби сте студирале.

Image courtesy of Hacker Rank

Како проблем за работодавците се појавува и проценката на вештините на кандидатите. Најголем дел од нив се изјасниле дека највеќе се потпираат за CV-то на кандидатите, додека само 55% од девелоперите мислат дека CV-то ги прикажува во право светло.

Image courtesy of Hacker Rank

Сигурно досега знаете дека огласите најчесто содржат основни податоци за фирмата, мисија, визија на компанијата, како и бенефиции кои вработениот ќе ги добие. Тука компаниите грешат. Истражувањето на Hackerrank покажува дека на девелоперите најважен им е балансот помеѓу работата и приватниот живот, а персоналниот развој и учење е на второ место.

Image courtesy of Hacker Rank

Ако можеби ве интересира кои се најбарани програмски јазици, тоа се JavaScript, Java, C и C++ и Python.

Не случајно, тука се јавува и најголемиот јаз помеѓу тоа што го нудат девелоперите и тоа што го бараат компаниите.

Image courtesy of Hacker Rank

Како напредуваат девелоперите, така им се менуваат и приоритетите. Додека на студентите најважен им е развојот и учењето, а компензацијата дури на 6-то место, кај професионалците работите се малку поразлични.

Image courtesy of Hacker Rank

Како што и веќе спомнавме, на ит професионалците најважен им е балансот помеѓу работата и приватниот живот, на блиско второ место развојот и учењето, а на трето компензацијата која ја добиваат за својот труд и работа.

Image courtesy of Hacker Rank

За повеќе корисни и навистина интересни податоци разгледајте го целиот извештај!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии