Hacker Rank 2019: Javascript сè уште е најраспространет програмски јазик

Javascript и натаму останува најраспространет програмски јазик, ова го покажува анализата на податоци од над 70 000 програмери која ја направи HackerRank. Најголема промена во минатата година е кај framework, тука изгледа дека React ќе го надмине AnguarJS во 2019 година.

Сепак анализата на HackerRank започнува со нешто поинтересно, првиот програмерски проект на програмерите. Ако до неодамна првиот проект на новите девелоперите е развој на игра, сега првиот проект е развој на калкулатор апликација. Девелоперите постари од 38 години најчесто како прв проект развивале игри.

Секако ова не е случај со сите, па некој си креирале и корисни алатки за работа или училиште, а некои креирле и функционални страници.

Програмски јазици 2018, и што ќе се учи во 2019

Што се однесува до цели кои сакаат да ги исполнат оваа година, над 30% од девелоперите сакаат да научат Go. Високо на листа се и Python, TypeScript и Kotlin. Над 20% од девелоперите сакаат да научат и R, Swift и Scala.

React можеби ќе го надмине Angular во 2019

Една од поголемите промени во 2019 е замената на Angular со React на првото место според употреба. Интересно, доколку се случи оваа промена ќе биде и одговор на барањата на компаниите кои имаат нешто поголема потреба од програмери кои познаваат React отколку Angular.

Но, на пазарот на труд недостасуваат и девелопери со познавање на Angular. Забележителен е и недостатокот на девелопери кои активно користат Vue.js.

Која музика е најдобра за слушање додека програмирате?

Ова веројатно е изненадување за сите. Најчестиот одговор на девелоперите е денс/електронска музика. Ова можеби е очекувано за помладите програмери, но важи за сите старосни групи со исклучок на највозрасните, девелопери над 54 години повеќе сакаат класична музика и рок.

Најчест проблеми во продукција

Најголемите багови во продукција најчесто се поради додавање на нетестиран или лош код. Ова е најголем баг за 62% од програмерите, а 10% од девелоперите признале дека ја избришале  целата база.

Што најчесто им пречи на девелоперите на работното место?

Додека на сениор девелоперите најмногу им пречи лош код или лошо дефинирани крајни рокови, на јуниор девелоперите најголем проблем им е лошо напишана документација.

Hacker Rank е сервис кој се обидува да ја пронајде вистинската работа за секој програмер. Сервисот се обидува да им помогне на програмерите укажувајќи им кои алатки и вештини се потребни на пазарот, но и на компаниите покажувајќи им што е достапно во моментот и какви се трендовите во иднина.

Повеќе интересни податоци може да прочитате на Hackerrank.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии