Guild Wars 2 S03E02 – интригантен продолжеток во приказната

Втората епизода од третата сезона за Guild Wars 2 излезе пред недела дена и од она што можевме да забележиме, ArenaNet се движи во вистинската насока и успева да ги задоволи фановите со интригантен продолжеток во приказната, нова PvE и PvP мапа, ново легендарно оружје и бројни исправки во гејмплејот.

Со првото проширување, Heart of Thorns, успеавме да го убиеме Mordremoth, но не и долго да уживаме во победата. Министерот Кадекс ја разгорува омразата кај White Mantle, а појавувањето на Лазарус се поклопува со издигањето на нов древен змеј, Примордус, кој се заканува да го зацрни небото над слободниот народ.

Доколку не сте поминале низ претходните две сезони, па дури и низ првата Guild Wars, приказната многу малку ќе ви значи, а често ќе ве фрустрира со бројните алудирања на настани кои се случиле во минатото. Во случај да сте со играта подолго време, ве очекува интересно патување и суптилно навраќање на одредени ликови. А тука е и можноста конечно да видите што ќе произлезе од змејското јајце поради кое паднаа толку жртви во Heart of Thorns.  Приказната, за жал, е кратка, но затоа новата мапа е значително поголема од мапата од првата епизода и ќе ви понуди часови забава истражувајќи и комплетирајќи ги настаните.

slika-1

За брзо прелетување од една до друга точка дефинитивно помага новиот начин на „патување“, кое е дел од Masteries системот

Од бројните активности, пријатно се изненадивме што повторно се воведоа Renown Heart активностите. Имено, низ Ember Bay имате пет Renown Hearts  кои по нивно отклучување ќе понудат корисни работи како модифицирани алатки со случајно давање Unbound Magic – новата валута која се воведе со третата сезона. Petrified Wood е новиот материјал кој се собира од Petrified Stump и се користи за купување ексклузивна Ascended опрема и награди (слично на валутата Blood Rubies од Bloodstone Fen мапата).

Уште на почетокот, би сакале да ви препорачаме да отклучите едно од Renown срцата и да ги купите специјализираните алатки, a откако ќе соберете доволно Unbound Magic инвестирајте во третостепената надградба за добивање карма при убивање непријатели. Не заборавајте да купите и Ember Bay Portal Scroll за инстантна телепортација во Ember Bay.

slika-2

Оваа епизода и тоа како ja освежува потребата за карма

Набргу по излегувањето на Heart of Thrones, легендарните оружја беа укинати затоа што ArenaNet трошеше премногу време и ресурси во нивното осмислување, но по серија негативни реакции од фановите, развивачите го сменија концептот и ветија дека ќе го завршат сетот. Првото од таквите оружја е жезлото Eureka.

slika-3

За да ги добиете сите информации, разговарајте со велемајсторот Хобс во Lion’s Arch.

Новата мапа Eternal Coliseum PvP е одлична дестинација за мрежни пресметки каде целта е да се заробат два артифакти и да се покриваат три точки на влијание. Првиот артефакт, Sword of Reaping, ја зголемува силата на вашиот тим за 20%, а вториот, Shield of Life го зголемува здравјето за 5000 поени. Оној кој го канализирал првиот артефакт може да го повика Avatar of Grenth, а оној со вториот артефакт добива втор живот две секунди по паѓањето на земја. Ваквото концепт е релативно нов за Guild Wars 2, а од приемот можевме да заклучиме дека е вистински погодок.

slika-4

До започнување на новата PvP сезона имате на располагање и нови достигнувања кои се отклучуваат во Unranked арената.

Втората епизода е пропратена со серија исправки во сите можни полиња, а како што налага традицијата, Ember Bay и сите активности се бесплатни доколку се логирате во играта до излегувањето на наредната епизода. За да ја играте епизодата, меѓутоа, потребно е да сте сопственици на проширувањето Heart of Thorns.

slika-5

Третата епизода би требало да излезе некаде во ноември, а во меѓувреме се подготвува настанот за Ноќта на вештерките, кој би требало да започне во втората половина од октомври.

Во Guild Wars 2, постојат периоди на огромна креативна инерција и несомнено е дека од таквото нешто последиците се забележителни, но, како и дожд по долга суша, така и најновата епизода воведува пријатно освежување и ветување за нешто големо. До тогаш, внимавајте на тенот во Ember Bay!

  • Произведува: ArenaNet
  • Издава: NCSOFT
  • Жанр: MMORPG
  • Платформа: Microsoft Windows, OS X

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии