Guild Wars 2 ја објавува новата епизода на 8 јануари

Новата епизода за Guild Wars 2 се очекуваше пред новогодишните празници. Wintersday настанот, меѓутоа, некако се вмеша и од ArenaNet признаа дека ќе мораме уште малку да се стрпиме. Вчера се дозна дека времето на чекањето нема да е премногу долго и дека најновата епизода напаѓа на 8 јануари.

Карактеристично за епизодите од третата и четвртата сезона, All or Nothing беше одбележана со бомбастичен трејлер во кој се откриваат дел од работите на кои може да се радуваме. Кризата со теророт на змејот Кралкоторик доаѓа до точка на пукање и командирот знае дека сега е моментот за дејствување. Финалните подготовки се прават на новата мапа Thunderhead Peaks. Од она што забележавме, мапата се заканува да биде вистинско носталгично патување за фановите на оригиналната игра.

Во случај да сте повеќе по фрактали, новата епизода ги отвора портите до Siren’s Reef. Во овој фрактал ќе биде потребно да ја кренете клетвата која ги опкружува духовите на пиратите и да издржите десет нови фрактални неправилности.

Од друга страна, би можеле да пробате да го направите новото легендарно оружје. Pharus е лак која ја користи моќта на космичкото светло и става крај на непријателите на визуелно импресивни начини. Таквото нешто доаѓа со огромна цена и бидете подготвени да вложите неколку месеци труд. Или многу вистински пари.

Со животните за јавање ќе можете да отклучите нова вештина за нешто што се чини дека е директна телепортација од животното до некоја друга точна. Не знаеме за вас, но нам ни се чини како најимпресивен mastery до сега. Паралелно со ова, очекувајте нова, надградлива колекција од Dragonsblood оружјата, нова колекција од Diviner опрема и многу повеќе.

All or Nothing ќе биде бесплатна за сите кои ќе се најават во играта по 8 јануари. Но, епизодата може да се игра само доколку го имате проширувањето Path of Fire.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии