Guild Wars 2 ја исфрли последната епизода од третата сезона и вети нова експанзија

Една од најдобрите MMO игри, Guild Wars 2 ја исфрли последната епизода од третата сезона. One Path Ends ветува задоволителен крај на епската приказна од Heart of Thorns сагата, целосно нова територија за истражување, нов фрактал и две легендарни оружја.

One Path Ends е најверојатно најдобрата епизода од целата сезона, со приказна која вe вовлекува уште во самиот почеток и полека го тапка патот за целосно нови збиднувања и проблематики поврзани со Балтазар – богот на огнот и војната. По завршување на првата мисија, навлегувате на новата мапа Siren’s Landing, лоцирана во пределот Ruins of Orr. Истражувањето на територијата и прочистување на светилиштата на боговите е сè само не лесна постапка и се бара од вас да влечете од моќта на боговите. За остварување на таквите цели, дополнителниот кориснички интерфејс ви покажува кои моќи се активни и која способност треба да се искористи низ патешествијата.

Епизодата е целосно бесплатна од овој момент па сè до излегување на новата експанзија, под услов да ја имате првата експанзија, Heart of Thorns, и да се логирате на вашиот акаунт за време на тримесечниот период.

Новата експанзија за Guild Wars 2 ќе следи за отприлика четири-до-шест месеци. ArenaNet планираат целосно откривање на 1.август, преку Twitch, YouTube и Facebook.

Втората експанзија се очекува да ги однесе играчите во кристалната пустина, на континентот Елона. Во случај да барате дополнителни информации и да не се плашите од спојлери, кликнете тука

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии