Guardian.co.uk: Се фокусираме на дигиталното издание бидејќи тоа е иднината

Guardian News & Media станува „digital-first“ организација, односно сега приоритет ќе им биде новинарското присуство на Веб. Извршниот уредник Алан Русбриџер им се обрати на вработените велејќи дека „ги надминуваме весниците, го менуваме фокусот, трудот и инвестициите кон дигиталното, бидејќи тоа е иднината.“

Guardian.co.uk е еден од поголемите светски медиуми, со 50 милиони посетители месечно, и е познат по тоа што интензивно ги користи сите форми на дигиталното известување, блогирање во живо, видео, и прави одлични визулеизации на сурови податоци. За весникот, новата стратегија е одговор на промените кои го засегаат целиот медиумски сектор кој забележува брз раст во дигиталната публика, но и одговор на финансиските предизвици за издавачите поради намалената продажба на печатените изданија и приходи од реклами. Иако принтаните изданија ќе продолжат и остануваат клуч за Guardian, сепак промените ќе се случуваат постепено со префрлување на инвестициите во дигиталното.

„Секој весник е на пат кон некоја дигитална иднина. Ова не значи да се излезе од печатиниците, туку бара поголем насоченост на вниманието, фантазијата и ресурси во различни форми кои дигиталната иднина ќе ги има.“, вели г. Русбриџер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии