Статиите напишани од жени привлекуваат повеќе тролови

Коментарите на веб се еден од најдобрите начини за интеракција со корисниците, и подеднакво се важни за продлабочување на приказните кои ги објавуваат медиумите. Но, за жал, истрагата на 70 милиони коментари од 2006 година до денес ја покажуваат темната страна на интернетот.

Според истражувањето на Guardian, осум од десет новинари кои се цел на навредливи коментари се жени. „Новото истражување направено на коментарите на нашата страница, докажува нешто што веќе го знаевме: статиите напишани од жени привлекуваат повеќе омраза во коментарите и тролање, од оние напишани од мажи, без разлика за темата на статиите“.

Ситуацијата ја потврдува и спротивната листа, односно листата на десет автори кои имаат најмалку злонамерни коментари. Десет од десет од авторите со најмалку недолични коментари се мажи. Како последица на негативни, злонамерни коментари, говор на омраза, дел од читателите ги исклучуваат коментарите. Од 2006 досега модераторите на Guardian избришаа 1,4 милиони коментари или околу 2 отсто од вкупниот број.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии