Додека македонските медиуми се критикувани за неспособноста да се впуштат во Веб новинарството, англискиoт Guardian стартува нов веб сајт, центар за сурови податоци, каде новинарите и сите корисници ќе можат да се впуштат во истражување и анализа на податоците за да ги дознаат фактите. „Фактите се свети“, вели Guardian. „Наша работа е да овозможиме клучните податоци да бидат пристапни и лесни за разбирање.“, пишува Guardian цитирајќи го понатаму таткото на Вебот, Тим Бернерс-Ли кој вели:

„Новинарството ќе биде прегледување на податоците и опремувајќи се со алатки за да се анализираат и да се одбере тоа што е интересно. И да се стави во перспектива, да им се помогне на луѓето да можат да видат каде сето тоа се вклопува и што се случува со државата.“

Овој новинарски пристап што го овозможува Вебот, калсично новинарство кое се повикува и линка до сировите податоци, неодамна беше дефинирано како „научно новинарство“ од основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, кој во свој текст „Не го убивајте гласникот за откривање на неубавата вистина“ во австралиски весник напиша:

„Научното новинарство ви дозволува да ја прочитате целата приказна, и тогаш да кликнете онлајн да ги видите оригиналните документи на кои е базирана приказната. Така ќе може да си одлучите самите: дали приказната е вистинита? Дали новинарскиот извештај е точен?“

Wikileaks и Guardian соработуваа при објавувањето на доверливите документи од ирачката и авганистанската војна, како и објавување на купот доверливи дипломатски документи.

1 коментар на “Guardian стартува сајт за статистичко и истражувачко новинарство

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии