Гуангжу ќе започне со препознавање на ликови на патници во метро

Дејан Соколоски

во Свет

Метрото во кинескиот град Гуангжу наскоро ќе добие системи за препознавање на ликовите. Тестовите се започнати во четири метро станици во градот. За почеток препознавањето на ликови ќе се користи на еден „безбедносен канал“ на станиците, вели South China Morning Post.

Ова би требало да ја забрза проверката, но корисниците се бесни поради нарушување на приватноста. За да можат да го користат ова ,патниците ќе треба да се регистрираат преку мобилна апликација. Дел од податоците за регистрација се име, презиме и фотографија на корисникот.

Понатаму системот ќе ги препознава на станицата и ќе можат да ги користат редовите со технологија за препознавање на ликови. Засега процесот на регистрација е доброволен, но ако корисниците го прифатат без многу „галама“, веројатно нема да остане така и во иднина.

„Регистрацијата е доброволна, а податоците кои ги собираме ќе бидат користени единствено за безбедносни проверки. Нема да ги споделуваме со партнерите.“, велат од метрото.

Проверката и воведувањето  на нови технологии нема да застане на препознавањето ликови. Најавени се и нови скенери на багажот.

Побрзото скенирање на патници и побрзите безбедносни проверки секако се придобивка, но дали нарушувањето на приватност, не е превисока цена? На пример метрото ќе знае кога и од која постројка тргнува патникот, каде се симнува, што носи во торбите.

Метрото нема да биде единствено место каде се користи технологија за препознавање ликови. Кинеската полиција во април со помош на технологија за препознавање ликови на концерт пронајде бегалец помеѓу 60 000 други луѓе. Видеоиграта „Honor of Kings“ користи препознавање ликови за старт на играњето.

Кина не е единствена држава во која се користи препознавањето ликови. Amazon на полицијата и ја продава својата технологија за препознавање ликови. Дел од телевизиите користеа препознавање ликови при преносот од кралската свадба во мај. И гледачите на финалето на Лигата на шампиони во Кардиф, беа препознавани со технологија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии