GTA V за PC доаѓа на 22 ноември

Продавницата за видео игри GameSeek објавува дека PC верзијата на GTA V доаѓа на 22 ноември. Според најавата играта ќе доаѓа како дел од Microsoft Games for Windows Live. Информацијата беше потврдена од уште една британска продавница, Zavvi, која ја постави PC верзијата на Grand Theft Auto V на својата страна, но за разлика од GameSeek без дата на излегување.

Засега веста за датата на излегување на PC верзијата е непoтврдена од Rockstar Games, а можеби уште почудно, официјално не е потврдено дека и ќе има PC верзија на играта. Во меѓувреме петицијата за излегување на Windows верзија надмина 500.000 потписници.

Што се однесува до продажбата играта во првата недела надмина милијарда долари, а доколку ја надминe бројката од 1,4 милијарди долари во месецот, ќе ја помина во заработка вкупната музичка индустрија. Покрај ова играта сеуште ја очекуваат верзиите за новата генерација на конзоли PS4 и Xbox One. Се надеваме дека наскоро Rockstar ќе излезе со официјално соопштение за PC верзијата за креаторите на модови да имаат доволно време да се подготват ;).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии