GTA V ќе добие ново DLC насловено Bikers на 4 октомври

Image Courtesy of Rockstar

Rockstar и понатаму продолжува со агресивното исфрлање на проширувања за онлајн делот од играта Grand Theft Auto V, притоа целосно игнорирајќи ја single-player кампањата. Најновото проширување, кое е планирано да излезе на 4 октомври, дефинитивно нема да биде исклучок.

Bikers DLC ќе дозволи да формирате мотоциклистички клуб со уште седум други луѓе и да го освежите гејмплејот со нови опции како борба со ладни оружја додека сте на моторот, нови оружја, режими на игра, возила и систем каде Prospects добиваат организациски престиж во новите мотоциклистички клубови.

Мотоциклистите ќе можат и да стапуваат во интеракција со специјализиран механичар на мотори, но сѐ уште не се знае какви функции би можел ликот да понуди.

image-899

Што се однесува на single player искуството, Rockstar не исклучува можности за идни проширувања, но во моментот и понатаму ги фокусираат силите на онлајн делот. Претходникот, GTA IV имаше две содржителни проширувања, но таквото нешто сѐ уште се чека за петката. Единствената причина за ова е стара како и самото време – пари. Имено, ниската продукциска вредност резултира со помалку финансиски трошоци, а онлајн продавницата овозможува константен прилив на средства. GTA V, како последица, станува пример за тоа како се „молзе кравата до последната капка млеко“. За тоа дека на им оди супер на Rockstar со ова зборува и фактот дека до август 2015 година, GTA V се продаде во над 54 милиони копии!

Поради ваквиот финансиски модел, и оваа проширување ќе биде бесплатно за фановите, а кога сме кај бесплатните работи, не заборавајте на темелната преработка на GTA V со GTA V Redux!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии