GTA 5 е бесплатна, заедно со Lego NinjaGo, и Assassin’s Creed Discovery

Ова е период во кој имате бесплатно за играње неколку крајно квалитетни игри. Без да должиме многу, еве што го чека вашето непречено преземање и играње, без да дадете денар!

Grand Theft Auto V Premium Edition е бесплатна на Epic Store

Во чест на нивната штотуку започната распродажба, една од најпопуларните игри во гејмерската историја може целосно да се преземе и игра без да потрошите денар. За онлајн делот на играта добивате и 1,000,000 долари! Зделката истекува на 21 мај.

LEGO® NINJAGO® Movie Video Game е бесплатна на PlayStation Store

Играјте со вашите омилени лего нинци и совладајте ги вештините за трчање низ ѕидови, вртоглаво скокање и адреналинско борење со предизвикувачки непријатели. Играјте сами, или со уште тројца други пријатели. Играта е достапна и на XBOX. Побрзајте!

Assassin’s Creed Discovery турите се бесплатни на uPlay

Самостојните режими за двете најнови Assassin’s Creed игри нудат интересно искуство и увид во древна историја. На располагање имате Discovery Tour: Ancient Greece и Discovery Tour: Ancient Egypt. Напоменуваме дека ова не се цели игри, туку еден вид информативни, виртуелни прошетки низ нивните светови. Феноменална дигирална забава за љубителите на историја.

Discovery Tour: Ancient Greece by Ubisoft, , large

Crusader Kings II: Horse Lords е бесплатна на Steam

За стратегијата која ги владее сите стратегии, ако по ништо друго, тогаш по бројот на додатоци за играта, Paradox реши да ја подари деветата експанзија за играта и да ви пионуди нови системи и механики, како во владата, така и во поглед на трговијата, војната и културна експанзија.

1 коментар на “GTA 5 е бесплатна, заедно со Lego NinjaGo, и Assassin’s Creed Discovery

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии