Rename Master е програм кој особено ќе биде ценет од дигиталните колекционери кои не сакааат повеќе да губат време со макотрпно преименување групи од фајлови. Наместо индивидуално преименување на вашите песни, филмови или слики, Rename Master додава, отстранува или заменува делови од името на фајловите, а и извршува дополнителни промени врз таговите. Последната верзија додава Keep Expanded опција која испливува преку контекстуално мени на десниот клик.

Во случај да имате зипувани бројни податоци или пак еден голем фајл кој сакате да го испратите некому, она што обично се препорачува е употреба на услугите на клауд сервисите како Dropbox или Google Drive. Но, во случај да не сакате да поставувате податоци на облак, O&O FileDirect ќе ви помогне да го споделите фајлот на малку поразличен начин. Имено, повлечете и пуштете го фајлот преку главниот прозорец на O&O FileDirect за да креирате веб линк. Таквиот линк го испраќате на саканото лице и кога истото ќе кликне на линкот, лицето ќе биде одведено на безбедна веб страна и да го преземе фајлот директно од вас. Нормално, за ваквото нешто функционира, потребно е вашиот компјутер да биде вклучен за да може да се воспостави директна врска за пренос на фајлот преку WebRTC инскрипција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии