Групни исправки на фотографии со ImBatch

Сите ние имаме еден член од семејството за кој мислиме дека телефонот му е буквално залепен за раката. Кога и да се случи нешто што исклучително малку застранува од нормалата, веднаш се вклучува камерата и се прават фотографии. И тоа никогаш не е само една фотографија. Секогаш се почнува со една, но, обично се завршува со 15. Да бидат работите уште полоши, таквото лице, од некоја причина, води исклучителна сметка за детали и секоја слика, пред да биде објавена на Facebook, со часови се средува, се наметнуваат едни исти фиксови, а вие се наоѓате во исклучително долг и репетивен маѓепсан круг каде го гледате лицето како поминува низ секојдневните монотони тортури и не можете, а да не размислувате за бројните начини поради кои би можеле да одите во затвор.

За зачувување на вашите нерви, програмот како ImBatch се чини како задолжителна алатка која дозволува да се направат истите, претходно поставени исправки на група од фотографии. Алатката ви дозволува автоматизирани процеси на група фотографии, како автоматско сечење, подобрување, прилагодување на светлината и острината, балансирање на боите, намалување на големините, ротирање, средување на очите, вметнување рамки, мозаици и бројни други финеси.  За таквиот процес, можете да индивидуално да одбележувате слики или пак да одберете цел фолдер.

Најновата верзија на ImBatch е заснована на целосно нова платформа, со надграден дизајни и значително по модерен интерфејс. Листата од нови задачи е проширена со панорама и отстранување на ефектот црвени очи. Во Recent категоријата, имате увид во последните 10 задачи кои претходно сте ги имплементирале, за да не морате одново да поминувате низ одбирањето задачи. Дополнително, најновата верзија сега ви дозволува да ги отстраните сите слики од листата во моментот кога процесирањето е извршено.

ImBatch е целосно бесплатен производ за некомерцијална употреба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии