Групите се всушност како мини-Facebook, друштвена мрежа во друштвена мрежа. Можете да постирате постови, линкови, да закачувате фотографии, видео, да креирате настани, да споделувате документи и најинтересно дури и да разговарате преку Chat со неколку луѓе од групата.

Што се однесува до приватноста, Facebook групите ќе имаат три степени, ќе можат да бидат отворени: секој на мрежата да ја гледа содржината, затворени: може да се види инфо за групата и членовите, но не содржината и тајни: групи кои не можат да бидат најдени, нити ќе се прикажуваат на корисничкиот профил.

Иако е интересна опција, сепак постојат неколку проблеми со групите. Првата е што може да предизвика спам мејлови бидејќи сите групи на кои сте членови ќе ви праќаат мејлови. Исто така вашите пријатели веднаш можат да ве зачленат во група во која не сакате да бидете, па ќе мора да ја напуштите секоја група во која не сте сакале да се вклучите. И на крај, отворени и затворени групи ќе ги прикажуваат листите со членовите, па доколку е, пример, политичка група тогаш може да п остојат многу луѓе кои и покрај интересот не сакаат да бидат видени во такви групи.

Facebook табла за апликации

Facebook го редизајнираше и начинот како ги контролираме надворешните апликации, односно ни даде поголем преглед за тоа кои информации им ги отстапуваме на апликациите.

1 коментар на “Групите на Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии