Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #1

Во овој серијал на текстови тимот на Brainster ќе споделува Growth маркетинг алатки и техники.


Lumen5 препорачано од Александра, CMO на Brainster

Нова платформа за креирање видеа – секој блог пост може лесно да го претвори во видео. Прави анализа на текстот и сугерира слики кои би одговарале за видеото. Може да користиш и твои слики, а можеш и целосно да го кастамизираш видеото со додавање на лого, watermark или call-to-action.

Има бесплатна верзија со која ќе можеш да создаваш неограничен број на видеа, да користиш повеќе од 10 милиони бесплатни медиа фајлови и да прикачуваш твои слики и логоа.

Smartlook препорачано од Петар Ниновски, CEO на Brainster

Ова е кул алатка која ти помага да го научиш однесувањето на посетителите на твојот сајт или апликација. Можеш да следиш што прават и да видиш зошто отпаѓаат од продажната инка. Smartlook ти покажува каде кликаат, како го движат маусот и како ги прифаќаат формите за пополнување. Оптимизирана е и за PC и за мобилен телефон. Со оваа алатка не мора рачно да креираш следење на настани. Искуствата може лесно да ги споделиш со тимот. Се поставува за неколку минути со вметнување на една скрипта на веб пејџот.

Има бесплатна лимитирана верзија од оваа алатка, за користење на сите функции кои ги има се плаќа, а цената зависи од пакетот кој ќе го одберете.

Outgrow, препорачано од Емилија Здравковска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг.

Интерактивна, персонализирана алатка за маркетинг буст преку креирање квизови, калкулатори и виџети со користење темплејти и визуелизации – слики, видеа, гифчиња. Не треба да се впише ниту еден код, многу е лесна за користење, а многу завршува работа.

Има free trial, потоа се плаќа, а цената зависи од услугите кои ти се потребни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии