Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #3

Во овој серијал на текстови тимот на Brainster ќе споделува Growth маркетинг алатки и техники кои можат да ти помогнат во градењето на твојата кариера како маркетер.


Amplitude препорачано од Александра, CMO на Brainster

Oва е тул кој ти го покажува однесувањето на корисниците на твојата апликација, можеш да видиш што најмногу ги задржува посетителите на твојот сајт или како да ги задржиш корисниците на долг рок. Дава анализа на најважните аспекти за развој на твојот маркетинг план. Има бесплатна верзија, која е сосема доволна за да ти се долови целокупната слика и да видиш што треба да смениш, а што не во твојата стратегија.

Еmblem препорачано од Марија Јаневска, дипломиран студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Со Emblem можеш да создадеш бренд за помалку од минута. Многу корисна алатка, која ако ништо друго ти дава идеја за да го осмислиш твојот визуелен идентитет. Можеш да го прикачиш твоето веќепостоечко лого или да си направиш ново со онлајн генераторот за лого на Emblem. Во секое време можеш да ги промениш основните елементи – лого, боја, типографија, модел, фотографија. Лесно е за користење, се’ се прави само со кликање на маусот, а на крај изгледа како професионален тим да се погрижил за тоа. Се плаќа кога ќе завршиш со дизајнот само ако сакаш да направиш download.

Fadfeed препорачано од Николина Цветановска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Ова е екстензија за Chrome, која се користи за Facebook. Ти го преплавува News Feed-от со реклами и само реклами. Можеш да ги разгледаш, да се инспирираш од нив, да ги копираш и тестираш што би упалило во твојот бизнис. Многу може да ти помогне, посебно ако си нов во оваа област. Скриптата престанува со работа со рефреширање на страната и е бесплатна за симнување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии