Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #2

Во овој серијал на текстови тимот на Brainster ќе споделува Growth маркетинг алатки и техники кои можат да ти помогнат во градењето на твојата кариера како маркетер.


Crayon препорачано од Марија Јаневска, дипломиран студент на Академијата за Дигитален Маркетинг.

Со оваа алатка можеш да ги следиш промените на landing страните на многу компании и да добиваш нотификација секогаш кога ќе сменат нешто. Одлична е за учење на нови фори во маркетингот. Можеш да се инспирираш од начинот на работа на другите компании и да ти користи за подобрување на твојата маркетинг стратегија.

Има бесплатна верзија, која е со лимитирани опции и верзија која се плаќа, а користи преку 100 типови на податоци.

AdParlor препорачано од Александра, CMO на Brainster.

Со AdParlor можеш да правиш preview на постови што сакаш да ги објавиш на некој социјален медиум. Бираш на која платформа сакаш да го споделиш и каков вид на пост е – дали е слика, видео, gif или што било и алатката ти покажува како тоа ќе изгледа кога ќе се постира. Бесплатно е за користење и можеш да го користиш колку сакаш.

GIFS препорачано од Николина Цветановска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг.

Ако сакаш да направиш gif од веќе постоечко видео ова е алатката која ти треба. Само правиш upload на видеото и сечеш од каде до каде сакаш да биде gif-от. Има опција да биде без звук или со звук, дали да има watermark или не, кој да биде квалитетот на видеото итн. Постои бесплатна верзија од алатката и премиум верзија која е $7.99 месечно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии