Groupon вреди меѓу 15 и 20 милијарди долари?

Groupon е приватна компанија, водена од 30-годишниот Eндрју Мејсон, која неодамна ја одби понудата да се продадена Google за 6 милијарди, , што сега се чини дека беше и прав потег. Groupon неодамна собрa и 950 милиони долари инвестиции, дел за да ги исплати почетните инвеститори и дел за понатамошен развој на интернационалната сцена ширејќи се и купувајќи помали такви сервиси.

Според изворите на NY Times, Groupon ќе стартува IPO, иницијално јавно надавање на берзата, на пролет 2011 година кое ќе ја процени компанијата на 15 милијарди долари.

Groupen е најголемиот сервис за групното купување. Групното купување со попусти од локални бизниси на чело со Groupon стана хит на Интернет и ширум светот. Концептот е дека веб сервисот е посредник меѓу потрошувачите и локална компанија која нуди попуст, но само ако се соберат група луѓе кои се заинтересирани за услугата/продуктот. наскоро групното купување стартува и во Македонија во облик на Kolektiva и Grouper.mk.

8 коментари на “Groupon вреди меѓу 15 и 20 милијарди долари?

  1. me interesira dali Groupon ima nekakva vrska so Gruoper.mk (izdadeno licenca i slicno) bidejki izgledot a i funkcionalnosta na dvete im e ist i dokolku nemaat toa samo kazuva deka tie sto go pravat Grouper nemaat nikakva smisla za inovativnost.. ??

      1. Хехе , колку и добро да им тргне не очекувај за никаква соработка… Не паѓаат толку ниско…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии