Groupon наскоро би можел да се најде на продажба, компанијата сè уште се обидува да пронајде купувач. Директори на компанијата и банкари се обидуваат да пронајдат некој кој ќе биде заинтересиран, велат извори за Recode.
Веста дека Groupon е на продажба не е ниту изненадување, ниту новост. Компанијата не крие дека е заинтересирана веќе неколку месеци, но последниот период се обидуваат и самите да пронајдат партнер.
Во 2011 година интерес за Groupon покажа Google. Од Google понудија само 6 милијарди. Grouper не ја прифати понудата, што беше оценето како паметна финансиска проценка. Една година подоцна, Groupon беше проценет на 16 милијарди долари.
Процената е дека денес компанијата вреди 2,84 милијарди долари.
Еден од потенцијалните купувачи е и кинескиот гигант Alibaba кој веќе поседува 6% од компанијата.