Grouper.mk продаде 262% повеќе купони во 2012 година

Македонскиот сервис за групни попусти Grouper.mk само што го прослави својот втор роденден. По тој повод се организираше забава, но тоа што нам ни е поинтересно е статистиката која беше објавена за работењето на сервисот. А таа статистика е импресивна.

Grouper.mk вели дека учествува со 33% удел во вкупниот обрт направен онлајн во 2012-та година. Grouper.mk во 2012-та година има обрт од 21,2 милион денари додека вкупниот обрт направен со платежни картички од останатите интернет продавници се 43,3 милиони денари, според извештаите до октомври на Народна банка. Сервисот има над 40.000 корисници (60 отсто жени) кои купиле над 120.000 купони за попуст и кои заштедиле над 84.779.675 денари, или 1,3 милиони евра! Oвие неверојатни продажби покажуваат дека македонските корисници се подготвени да купуваат онлајн, но само ако им се понуди добра зделка. А во лоша економија каква што е денес, нема ништо подобро од попусти кои достигнуваат над 50 отсто.

[youtube]http://youtu.be/AP9ZOvRZqVs[/youtube]

Интересот за купоните е посебно голем во 2012-та година во која имаше 1.240 успешни зделки од вкупно над 1.700 зделки до сега. Тоа е пораст од 262 отсто споредено со 2011. Што се однесува до зделките, најуспешна зделка се ноќевањата во Банско која продаде 403 купони во вредност од 7.000 денари.

Grouper.mk моментално работи со попусти во Скопје, но во втората половина на 2013-та година се планира да се прошират и во други градови. Но, за тоа треба да се направи соодветна анализа и да се најде соодветен тим кој ќе го разбере концептот на сервисот, вели основачот Нина Ангеловска.

„Не е лесно во овој бизнис да се создаде одличен тим за работа, кој пак е еден од главните предуслови за успех имајќи во предвид дека овој бизнис не е толку IT ориентиран како што многумина мислат, туку напротив е многу зависен од луѓето кои работат. Ќе се потрудиме да го најдеме вистинскиот тим со страст и желба за работа, тимот кој ќе го почувствува адреналинот и среќата по добра склучена зделка како што го изградивме сегашниот тука во Скопје.“, вели Нина.

1 коментар на “Grouper.mk продаде 262% повеќе купони во 2012 година

  1. Супер е ова! И јас многу пати сум сакала да си купам купонче за нешто од странава, но ете… не биднало.. Се надевам дека наскоро ќе биде :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии