Grouper.mk стигна до 500.000 купони!

Еден од ретките успешни и инспиративни македонски стартапи, Grouper.mk стигна до уште еден значителен јубилеј. Стартапот успеа да продаде 500.000 купони, а оваа бројка е уште поимпресивна доколку се има предвид дека истовремено го пробиваат патот на е-трговијата во Македонија.

Овие купони се купени од 110.000 корисници, а услуги обезбедија над 2.000 соработници на Grouper. Најголем дел од Grouper попустите, 56.280 се искористени за патувања, 37.663 на пици, 21.772 на масажа и 8.343 на коктели, јави Grouper преку иконографик. Мало изненадување е дека помалку од 20 отсто или 84.260 се од мобилна апликација. Рекордот за најмногу продадени купони во еден ден е Black Friday со 8.139 купони.

Grouper е основан во 2011 и во првата година продаде 33.162 купони. Во овој период стартапот имаше 20.000 корисници и 296 компании-соработници.

grouper-mk-500k

1 коментар на “Grouper.mk стигна до 500.000 купони!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии