8 коментари 1 мин. читање

Grouper.mk продаде 110 купони за ден и половина

Сите овие продадени зделки се само по четири дена од стартувањето на Grouper.mk. Сите зделки се успешни, односно се пријавиле доволно (и повеќе) број луѓе да го исполнат критериумот за попуст, што покажува дека македонските корисници го прифаќаат групното купување, односно купувањето преку интернет.

Групното купување работи на принцип дека еден попуст од локален бизнис ќе биде успешен само доколку се пријават група луѓе, пример 20 купувачи. Со пријавување нивните пари се резервираат, и доколку зделката е успешна, односно се пријават 20 заинтересирани, тогаш корисниците добиваат купон и попуст, доколку зделката е неуспешна, нема доволно заинтересирани, тогаш парите им се враќаат на тие што се пријавиле.

Групното купување стана хит низ светот, додека во Македонија стартува со Grouper.mk и наскоро со Kолектива.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top