Грешка во Facebook овозможува киднапирање на фан страни

Безбедносен пропуст на Facebook овозможува еден администратор да ја киднапира фан страната од тој што ја креирал и што го поставил администраторот, пишува безбедносната компанија Sophos, иако според „Условите за користење“ нa Facebook, ова не смее да се случи, односно оригиналниот креатор на страната никогаш не може да биде тргнат од позицијата администратор на таа фан страна.

Всушност, ова не е нешто ново, пропустот постои веќе подолго време, a Sophos само ја потенцира тежината на проблемот кој може да им наштети на еден куп фан страни, меѓу кои и тие на посериозните бизниси. Пропустот дури не е ни некој посебен трик, доволно е само да се стане администратор на една страна и ќе може лесно да се тргне оригиналниот сопственик и да се киднапира таа страна.

Бидете внимателни кого поставувате како администратор на фан страна, барем се додека Facebook не ја поправи грешката. Ако ја поправи…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии