Greenpeace го искритикува „валканиот облак“ на Amazon

Од сите провајдери на услуги преку облакот Amazon е компанијата чии облаци најмногу загадуваат, BBC ја пренесува објавата на Greenpeace. Amazon не се согласува со истражувањето и тврди дека податоците не се точни.

„Извештајот на Greenpeace е погрешен, бидејќи користат нeточни податоци за потрошувачката на Amazon Web Service(AWS). Користење на инфраструктира на AWS Облакот е енергетски поефикасно од традиционалното процесирање кое зависи од малечки, неефикасни и предимензионирани дата центри“, демантира соопштението на Amazon.

Само 15 отсто од енергијата која ја користи најголемиот светски маркет доаѓа од чисти извори, за разлика од ова дел од компаниите се приближуваат кон 100 отсто од енергијата која доаѓа од обновливи извори. Енергијата која ја користат Apple, Facebook, Yahoo и Google во најголемиот дел доаѓа од обновливи извори. За разлика од Amazon, Apple од 2010 го зголемува учеството на „чиста енергија“, па од 35 отсто во 2010 година, го покачи учеството на 75% во 2012, за сега целата енергија да доаѓа од обновливи извори. Apple e првата компанија со 100 отсто чиста енергија, за оваа цел користи ветерни фарми кои се во сопственост на компанијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии