Greenpeace: Друштвените мрежи можат да ја спасат планетата

Друштвените мрежи можат да ја спасат планетата, вели Greenpeace.

„Кога ќе ги поврземе онлајн кампањите и маркетингот и конвенционалната активност тогаш може да се постигне најдобриот ефект.“ вели директорот на Greenpeace Куми Наиду во интервју за CNN.

Покрај протестите пред вратите на Nestlé, кампањата на Greenpeace стартуваше со провокативна YouTube реклама каде KitKat чоколатката е всушност прст од орангутан. Виралното видео привлече над еден милиони гледачи, а се испратија и 200.000 имејла и стотици телефонски повици кон Nestlé кои се обидоа и да го тргнат видеото. На Facebook, пак, профилот на Nestlé беше преплавен со коментари и критики. Сето тоа резултираше во промената на работењето на Nestlé.

 
(сликата е од Greenpeace)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии