Грчкиот стартап Douleutaras.gr доби инвестиција од 1.8 милиони евра

Грчкиот стартап Douleutaras.gr кој на своите корисници им овозможува да пронајадат професионалци за сите потреби во и околу домот доби инвестиција од 1.8 милиони евра. Инвестицијата доаѓа од VentureFriends, PJ Catalyst of Piraeus Bank и AddVenture.

Уште пред инвестицијата, Douleutaras е најголемиот сервис од ваков тип во Грција. Платформата овозможува вмрежување на над 3.500 професионалци и нивно поврзување со 170.000 корисници.

 

На платформата корисниците можат да пронајдат електричари, молери, мајстори за поправки, луѓе за реновирање или чистење и слично. Сервисот веќе е раширен во Солун, Патрас и Хераклион. Наскоро е најавено ширење во повеќе градови, но и во регионот.

„Douleutaras.gr се обидува да обезбеди соодветни решенија за потребите на домаќинствата, за потребите на домот, со препораки за доверливи професионалци за секој проект. Во двете години во кои работиме, нашите напори ги надминаа и најоптимистичките очекувања. Целта ни е да обезбедиме уште поголема функционалност која ќе им овозможи на корисниците лесно да дојдат до професионална услуга, како да купуваат производ онлајн“, вели Андреас Граматис, основач на компанијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии