Graphicly е апликација за љубителите на стрипови

Мартин Јовчески

во Совети

Graphicly е дигитална платформа за стрипови, која им овозможува на љубителите на стрипови да читаат на нивниот компјутер. Покрај големиот број на бесплатни стрипови, на платформата се достапни и светски познати стрипови за кои корисниците треба да платат. Graphicly нуди стрипови од околу 100 големи и независни издавачи, меѓу кои се Marvel Comics, BOOM! Studios, Top Cow, Archie, Devils Due и многу други.

Graphicly, покрај онлајн, може да се користи на голем број на платформи, меѓу кои се Andorid, iPad, iPhone, Windows Phone 7, и користејќи Adobe AIR може да се користи и на Mac OS X, Windows, или Linux. Интерфејсот за читање на стриповите е многу едноставен за користење, нудејќи опции стрипот да се чита во мало прозорче, на цел екран, или пак да се одбере режим каде секој дел од приказната на стрипот ќе се прикаже посебно. Покрај можноста за читање на стрипови и следење на нови изданија, корисниците можат и да го споделуваат омилените стрипови на нивните друштвени профили. Благодарение на Facebook плагинот, корисниците можат да видат кој стрип е моментално најпопуларен на Facebook.

Интересно за оваа дигитална платформа за читање стрипови е тоа што сега е достапна и за Facebook. Благодарение на Graphicly апликацијата, љубителите сега ќе можат да читаат стрипови директно на Facebook. Исто како и со другите платформи, корисниците можат да одберат да ги читаат стриповите на цел екран, бидејќи форматот им е помал на Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии