Grams е Google за нелегалниот црн пазар, скриен во „длабокиот интернет“

Темниот интернет го доби својот Google. Станува збор за пребарувачот Grams со кој корисниците ќе може да пронајдат огромен дел од илегалните продукти кои се продаваат на темната страна на Интернет. Адресата на Grams е grams7enufi7jmdl.onion – достапна преку Tor – на кој за миг ќе најдете нелегална роба: oд наркотици, оружје, украдени податоци од кредитни картички, па се до фалсификати на лични карти.

„Забележав дека форумите на Reddit се полни со прашања каде да го најдам профуктот Х или кој пазар го продава продуктот Х или кој ги продава најдобтите продукти Х и е доверлив и не е измама.“ вели креаторот на Grams со псевдоним „gramsadmin“ во ексклузивно интервју за Wired.

Благодарение на креираното API, на Grams веќе се присутни осум од најконтраверзните интернет продавници: SilkRoad 2, Agora, BlackBand, Cloud-Nine, Evolution, NiceGuy, Pandora и The Pirate Market. Интересно и покрај тоа што Grams ќе го потпомогнува црниот пазар, парите кои ќе пристигаат сепак ќе бидат по сличен принцип на Google Ads. Слично како и кај Google продавниците ќе можат да купат „клучни зборови“, а секој пат кога некој ќе пребарува нивите резултати ќе бидат погоре на листите. За иднина е најавена опција која ќе креира профили за продавниците, контакт до нив и препораки и прегледи од корисниците за најразличните маркети.

„Засега немам можности да го пронајдам и пренесам целиот темен интернет, затоа во моментов работам на автоматизиран сервис во кој сите заинтересирани ќе можат да внесат податоци за своите странии ќе бидат наведени во нашиот пребарувач. Истотака ќе направам во иднина да биде полесно да се купуваат реклми преку автоматизиран сервис“, вели gramsadmin.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии