Меѓу луѓето кои продолжуваа да споделуваат е и @Vnukot, а.к.а Дејан Велковски, кој постојано твиташе, на својот блог ги објасни протестите, и направи доста интересни видеа кои ја прикажуваа атмосферата на протестите од сите денови. Неговaта активност дури беше препознаена и од странските медиуми.

Во понеделник сум на Ал Џезеира, во живо преку скајп!less than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Дали користењето на видео сервисите даваат пообјективна слика на тоа што се случува на протестите?

Она што го прават мејнстрим медиумите овие неколку дена е најдобар пример зошто не смее да се остави некој да има монопол на информациите – во тој случај секој настан ќе им послужи на политичките и економски центри на моќ во својата пропаганда. Кога ќе постираш видео од толпа од 5 илјади луѓе како ја преплавува „Партизанска“, ниту еден медиум нема да може да излезе со тврдење – десетици граѓани се собраа… – како што имаше обиди на почетокот од протестите.

Day 6 of protests in Skopje, Macedonia from Dejan Velkoski on Vimeo.

Каква одговорност чувствуваш кога ги снимаш протестите секој ден? Зошто ги снимаш?

Не знам дали би го нарекол тоа одговорност. Можеби повеќе се работи за некоја болна потреба да се дојде до вистината по секоја цена. Секој има право да дојде до информација од прва рака, нерафинирана, неподесена според нечии потреби.

Day 5 of protests in Skopje – Macedonia awakens! from Dejan Velkoski on Vimeo.

Дали корисникот користејќи мобилен станува граѓански новинар? Што мислиш за граѓанското новинарство?

Во еден пост http://babamitrajanka.blogspot.com/2011/06/blog-post_09.html апелирав секој да ја искористи технологијата што му стои на располагање за да се спречат сите евентуални сценарија за поттикнување насилство на протестите. Доколку некој забележи сомнителни ликови, најдобро би било да ги фотографира или сними. Ако направат нешто што не треба, потоа, одново, вистината многу лесно ќе исплива на површина. Треба да обезбедуваш информации за да добиваш информации – па според тоа, сите сме новинари – во мигов, многу повеќе одошто (најголемиот дел од) оние што се платени за тоа.

Day 4 of protests in Skopje, Macedonia from Dejan Velkoski on Vimeo.

Според тебе како учесник на протестите каква улога одиграа друштвените мрежи на овие протести?

Да не беа социјалните мрежи, особено Twitter, протестите немаше да се случат. Написот од Нетпрес ќе се објавеше, ќе се заклучеше оти се работи за неправда, реакцијата од надлежните веројатно ќе беше идентична и тука ќе завршеше приказната.

Day 3 of protests in Skopje, Macedonia from Dejan Velkoski on Vimeo.

Имаш и блог. Дали блоговите одигруваат некоја улога во овие протести?

Чинам дека блоговите одиграа многу важна улога во протестите, исто како и во секој друг аспект од животот. Блогот беше првиот чекор кон децентрализација на информациите на Интернет, блогот останува место кадешто може да се сподели информација, мултимедија, да се пренесе став, мислење, да се погледнат нештата од еден поинаков агол. А, кога идејата е добра, таа секогаш стигнува до публиката.

Day 2 of Protests in Skopje, Macedonia from Dejan Velkoski on Vimeo.

За крај, какво е твоето размислување за инцидентот кој ги предизикаа протестите и што мислиш дека треба да се смени?

Настаните што ги предизвикаа протестите не смеат да се случуваат во демократска држава. Но, дури и да се случи нешто такво, делото никогаш не смее да биде премолчено, макар и на еден ден. Во денешно време, кога секоја информација стигнува до секое село во светот за неколку секунди, несфатливо е некој да помисли дека ќе сокрие нешто што се случило на преполн плоштад. Исто така е несфатливо што во историјата на независна Македонија никој министер не поднел оставка поради морална одговорност, и покрај тоа што се имаат случено безброј инциденти. Време е нештата да се променат и секој да прифати одговорност за својата работа.

Protests in Skopje following the death of 22-year-old Martin (Daniel) from Dejan Velkoski on Vimeo.

2 коментари на “Граѓанско новинарство, протести, #martin… споделено од @Vnukot

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии