Граѓанско новинарство и активизам на Интернет (трет дел)

…читајте од почеток. Тука ќе го најдете првиот и вториот дел од Граѓанско новинарство и активизам на Интернет.

Граѓанските новинари, блогерите, тие се насекаде. Рекс Хејмок е беше еден од луѓето кои на 18 февруари, 2004 година присуствуваше на состанокот со тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш, на кој се зборуваше за економските проблеми во државата. Иако тој состанок беше затворен за јавноста, Белата Куќа не знаеше дека г . Хејмок Рекс е сопственик на една мала компанија за објавување. Пишувајќи ги своите импресии од состанокот на својот блог, тој се прослави како граѓански новинар. Нешто слично на настанот од Белата Куќа е и конференцијата Journal’s D (All Things Digital) кога од организацијата забранија присуство на медиумските претставници, но тоа не ги спречи присутните да пишуваат на своите блогови и да известуваат за говорите на Бил Гејтс и Стив Џобс.

Сепак, кога новинарите се решени да преземат некоја сторија или било каков материјал од Интернет, потребно е да се провери колку е точна таа информација, бидејќи многу лесно може да биде сервирана измислена вест. Многупати досега се има случено медиуми со репутација да пренесат вест која не е вистинска, повикувајќи се на извори како Onion.com, Njuz.net, Brejking.net и слични. Но, тука вистинскиот проблем е во самите новинари кои помеѓу корисниците на друштвените мрежи често се нарекуваат и „copypaste новинари“.

Токму овде се појавува и првиот проблем на граѓанските новинари во донесувањето на нивната одлука дали да бидат анонимни, колку тоа е добра идеја за почеток земајќи ги во обѕир Интернет троловите чија главна енергија е насочена кон провоцирање на останатите и трошење на нивното време. Троловите може да се препознаат по нивната форма на дискутирање и нудење на аргументи, и најчесто тоа го прават за да привлечат внимание. Како еден од системите за справување со троловите е да се користи корисничка регистрација на системот за коментирање или едноставно да ги игнорирате, тоа е најдобриот одговор за нив.

Додека во САД блогерите се делумно заштитени со првиот амандман, во Македонија сè уште е во изработка Законот за медиуми чија цел, наводно, е да обезбеди слобода на медиумите и изразувањето, и од него може да се види дека блоговите, форумите и друштвените мрежи не се дефинирани како медиуми и не може да се цензурираат. Но, од друга страна пак, тука е Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој на Интернет провајдерите им се дава право да забранат пристап до одредена содржина.

Блогерите во Иран, пак, се во сосема различна ситуација и на луѓето не им е дозволено да зборуваат слободно на било која тема. Дискусиите за секс, врски, култура и политика се забранети и граѓаните не се во можност целосно да ги искористат благодетите што ги нуди технологијата. Но, ширењето на вистината не може да се сопре. Доволно е само неколку минути содржината да биде објавена и истата да се прошири насекаде. Граѓанското новинарство се храни токму од тие Интернет иновациите, сервисите кои овозможуваат лесно споделување на содржината и секоја година истите се сè помоќни. Луѓето брзо наоѓаат начини како да ги користат и потпомогнати од мобилните уреди со
својата работа може да се носат со професионалните новинари.

Токму друштвените мрежи беа сервис кој го користеа и македонските актививисти за протестите во 2011 година против полициската бруталност, за што максимално беше искористена моќта на Twitter за мобилизирање на луѓе и масовно излегување низ улиците во Скопје. Протестирачите маршираа низ улиците барајќи да се разреши случајот, додека некои се обидуваа да го заташкат, а исто така, друштвените мрежи се користеа за информирање доколку некој се обиде да го саботира протестот. Сепак, постојат и други не толку масовни случаи со не толку голем публицитет како што се #ЕлкаМК која се одржува 2 години по ред и македонската Twitter заедница рециклира пластика и гради елка од пластични шишиња. Исто така, едни од попознатите е и критичната маса „На точак“ која на 29 јуни 2013 наполни една година, како и неколку хуманитарни акции организирани преку друштвените мрежи.

Интернет активизмот кај нас постои и е во развој, но сепак има недостаток во физичкото дејествување, излегување на протести и постигнување на целите. Технологијата ни овоможи на сите слободно да зборуваме и да бидеме слушнати, но борбата да ја задржиме таа слобода во нашите општества само што започна.
[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=ndwYSHLTe3E[/youtube]

3 коментари на “Граѓанско новинарство и активизам на Интернет (трет дел)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии