Граѓаните победија! Нема да има данок за интернет во Унгарија

100.000-те граѓани кои излегоа на протести во Унгарија, победија! Предлогот за носење закон за даночење на Интернетот е повлечен. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој се најде под остри критики дека е диктатор, го повлече контраверзниот закон најавувајќи дека (барем сега) нема да наплаќа за користење на Интернет.

„Ние не сме комунисти, не владееме против нашите луѓе. Владееме заедно со луѓето. Затоа овој данок не може да биде воведен“, вели г.Орбан.

Сепак и покрај моменталното откажување на законот, премиерот на Унгарија најави дека веќе од следната година ќе започне со разговори на теми околу Интернет помеѓу кои и негова регулација и даночење.

Предлог-законот предвидуваше плаќање на данок од половина евро (150 форинти) за секој гигабајт, до максимални 2.33 евра (700 форинти). Сепак граѓаните на Унгарија на новата давачка повеќе гледаа како на обид да се ограничи пристапот до информации и да се примораат граѓаните да ги гледаат државните медиуми.

Тоа што беше пресврт во ситуацијата, велат унгарските медиумите е дека г.Орбан се исплашил од демонстрациите. „Претпоставувам дека се исплаши од протестите. Со години не сме виделе волкави демоснтрации во Унгарија“, вели Тамас Бодки уредник на Atlatszo.hu, за New York Times.

WAKE UP – Tízezrek az Erzsébet hídon az internetadó ellen from atlatszo.hu on Vimeo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии