Голем број граѓани, воглавно поактивни корисници на друштвените медиуми Facebook и Twitter, веќе неколку дена по ред самоиницијативно се организираат за да помогнат на населението зафатено од поплавата и невремето кое го зафати Скопје, поточно скопските насeлби Сингелиќ, Стајковци и Црешево, во кое животот го изгубија повеќе од 20 лица.
Активностите на овие загрижени граѓани се обединуваат под хаштагот #поплава и инволвираат организација на пунктови за прибирање на помош во облик на храна и алати, до споделување на информации директно од терен и помагање на засегнатото население да ја исчисти водата и да се справи со штетата од невремето.
Постои и Google мапа, која до моментот на пишување на овој текст е прегледана повеќе од 80.000 пати, на која се обележуваат зафатените зони, проодните патишта, местата каде што е потребна помош и пунктовите кај што се собира хуманитарна помош.

Скоро секој твитерџија активно го комуницира бројот 143-400, дури некои го менуваат и своето корисничко име за да го додадат бројот за помош со цел повидливо да го комуницираат, а тие што се на терен споделуваат директно информации за состојбата, објавувајќи слики и точни локации.
Ова е ул.28 од н.Илинден. Луѓето чекаат помош, надлежните се на одмор. РТ #поплава (преземено од фб) pic.twitter.com/e4yGvOZuHl
— Јана (@janagochevska) August 8, 2016
Во време кога институциите покажуваат голема несериозност за справување со една ваква природна непогода, политичарите парадираат со камери за да добијат политички поени, постојат шпекулации за злоупотреба на донираните средства, овие граѓани несебично го прават тоа што е потребно и ја покажуваат својата солидарност.
Најитните работи што се собираат на пунктот пред Веро Центар.Вода има. Треба среддтва за хигиена, чизми. #Поплаваpic.twitter.com/ymTq818ZoJ
— Filip Stojanovski (@razvigor) August 9, 2016
Дополнето @ 17.22 ч.:
Група граѓани исто така, користејќи Google Docs направија листа со пунктови за собирање, листа на адреси каде што се наоѓаат фамилии на кои им е потребна итна помош и сл.
Како да помогнете и вие?
- Број за донации: 143 400 (бројот е достапен само од Македонија)
- Хаштаг за комуникација на темата: #поплава
- Мапа со критични точки и корисни информации: линк до Google Maps
- Неофицијална Facebook група каде што се споделуваат информации
- Линк до Google Docs листата со централизирани информации за #поплава
- Не ширете дезинформации и замолете ги луѓето околу вас да не споделуваат непроверени информации.
- Пријавете јавно секаква информација која ја имате и мислите дека може да биде од корист на волонтерите, институциите или засегнатите граѓани преку хаштагот #поплава или преку вашите профили.
- Доколку имате информација за злоупотреба на донациите, пријавете го случајот и споделете јавно.
- Донирајте облека, корисни алати или едноставно волонтирајте во кризните подрачја преку донациските пунктови.
Променето @ 11.08.2016 во 11.24: промена на линк до Google Spreadsheet листата.









You’re very eloquent.
Дечки, сменете го линкот од екселот во новиот, за да не се дуплираат/губат информациите: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1S_GxXK0Cuo6bVXEG-eGJXNgmmCPBq37EkaaY0Y4ARJk
Поздрав!