Градовите во Германија можат да забранат возење на дизел

Германските градови сами ќе треба да одлучат дали ќе им дозволат на возачите да возат на дизел.

Германија веќе донесе закон со кој до 2030 година сите возила мора да бидат електрични, или барем да не се со внатрешно согорување. Сега судот донесе одлука со која им се дозволува на градските власти да ги забранат возилата.

Сепак станува збор за законска рамка со која ќе може да се спроведе претходната пресуда. Одлуката доаѓа од Врховниот суд на Германија. Претходно оваа одлука ја донесоа пониските сифови од Штудгард и Дизелдорф. Баден и Северна Рајна приложија жалба на одлуката, но сега веќе официјално останува оваа можност на располагање на градските власти.

Со одлуката, секој град ќе може да ги отстрани возилата кои најмногу загадуваат, објаснува Guardian.

Но, Германија е позната и по своите производители на автомобили. Тие не се баш радосни поради оваа вест, но се чини дека најголемите производители се подготвени за оваа промена. BMW веќе најави дека сегашните дизел модели може да се последни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии