„Грабни попуст“ е нов .мк сервис за групно купување

Овој сервис како и сите други сервиси за групно купување, работи така што дневно се пласираат различни попусти од локални бизниси. За попустот да биде успешен треба да има одреден број на заинтересирани корисниците, затоа се вика и групно купување. Ако ви се допаѓаат можете да ги купите со плаќање преку интернет, по што ќе добиете купон во вашето електронско сандаче (имејл) кој можете да го искористите по подолг период. Парите од корисниците се резервираат се додека не се собере минималниот број заинтересирани и попустот стане успешен. Ако нема доволно број заинтересирани, попустот е неуспешен, а парите се враќаат на корисниците.

Покрај Grabnipopust.mk во Македонија има уште два сервиса, Grouper и Kolektiva кои имаа супер почеток со голем број на продадени купони. Македонската публика брзо го прифати овој тренд кој сеуште добива на популарност. Со појавата на трет сервис конкуренцијата ќе се зголеми, а и изборот за купувачите ќе биде поголем.

7 коментари на “„Грабни попуст“ е нов .мк сервис за групно купување

    1. :)) srry Трими но ако се појават уште 10 групни сервиси ќе пишеме за нив. Обврзани сме кон вас читателите да ја споделиме информацијата. Иако тука не се согласум дека се „досадни“. Ова е локален .мк стартап што е доста позитивно за .мк ИТ сцената. Нема многу интересни стартапи во .мк. A вирусот што ги фаќа се вика „добар бизнис модел и светски тренд“.

  1. ne mi e jasno samo edna rabota:
    Zosto site makedonski plagijati na groupon imaat ist dizajn kako i groupon, da ne slucanjo mislat deka toj e toj sto gi prodava kuponite :)
    Site mora da go imaat istoto meni i istiot footer. E tekstot kako raboti i sl me mrzi da go iscitam mozda i toj mu e prepisuvan
    gospo da cuva c c c
    kaj e kreativnosta

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии