Грабнете бесплатни 50 GB простор за Android со Box

Аndroid апликацијата Box која е сервис за складирање во облакот, им понуди на сите свои досегашни и идни корисници неверојатни 50 GB! простор доколку во следниве 30 дена ја симнат надградената Android апликација.

Box вели дека просторот е засекогаш. Тоа значи дека дури и откако ќе поминат промоциите, ќе имате неверојатни 50 GB простор. Стратегијата на Box e секако да приберат што е можно повеќе корисници. 50 GB простор не се шега бидејќи конкурентите како Dropbox, iCloud и други нудат по 5-10 GB бесплатни, за повеќе се наплаќа.

Доколку сте заинтересирани понудата трае до 23 март. Апликацијата може да ја најдете на Android Market.

Што се однесува на iOS корисниците, можеби треба да обрнете внимание на Box бидејќи сервисот направи иста таква промоција кога беше претставен iPhone 4S.

[youtube]c2PdgaEiFtA[/youtube]

5 коментари на “Грабнете бесплатни 50 GB простор за Android со Box

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии