GPU – Z ќе ве запознае со способностите на вашата графичка

Гејмерите и сите оние кои подобро сакаат да бидат запознаени со хардверскиот дел кој е задолжен за графиката во игрите, дефинитивно би требало да ги проверат потенцијалите на GPU – Z.

Во поглед на изгледот и функционалноста, GPU – Z е доста сличен на CPU – Z. Но, ако CPU – Z се фокусира на вашиот процесор и матична плоча, GPU – Z гледа правилно да ве информира за графичката карта.

Извлечените податоци знаат да бидат исклучително детални, но да бараат одредено познавање доколку би сакале правилно да ги протолкувате. Добивање ваков увид може и да ви помогне и да дознаете дали имате некакви проблеми со компатибилноста со некој софтвер.

Позитивната страна на GPU – Z е тоа што извештајот за состојбата на графичката е во реално време, и инстантно можете да прочитате која е моментната температура на графичката карта и колку е искористена.

Најновата верзија на GPU – Z се одликува со поддршка за најновите графички карти и процесори, незаборајќи ја овој пат и Ryzen линијата на AMD.
GPU – Z се испорачува во исклучително скромно пакување кое не се осмелува да биде потешко од 6KB. Компактното, преносливо покренување ниту бара инсталирање на системот, ниту форсира непотребен, дополнителен софтвер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии