GPS гигантот Garmin ќе ги предупредува велосипедистите за возилата околу нив

Популарниот производител на GPS уреди за навигација Garmin извести дека е нов сопственик на кај нас малку познатиот jужноaфрикански стартап iKubu. Стартапот работи на технологија која може да им помогне на велосипедистите така што ќе ги извести за брзината и оддалеченоста на возилата околу нив.

„iKubu пронајде начин да имплементира радар кој ќе може да реши проблем кој е универзален за сите велосипедисти – идентификација на потенцијалната опасност доколки некој приоѓа зад вас. Воодушевени сме што може да ја додадеме оваа технологија на портфолиото на Garmin“, вели Клиф Пембл, претседател на Garmin.

Очекувањата се тимот да биде интегриран во Garmin, а самата технологија да биде присутна во идните производи. Но, новата технологија на iKubu нема да биде инсталирана само во уредите наменети за велосипедисти, туку во сите производи на Garmin.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии