Gowalla 3 ги интегрираше Foursquare и Facebook Places

Но, најмалата од трите Gowalla дојде со креативна идеја. Во својата нова, трета верзија на iPhone апликациja Gowalla претстави интеграција со Foursquare и Facebook Places.

Покрај новините на самата апликација, сега корисникот преку „комбиниран таб за активност“ ќе ги следи пријателските активности од Foursquare и Places. Дополнително корисникот ќе може да се чекира на Places и Foursquare преку апликацијата и да ги споделување чекирањата на Twitter и Tumblr.

Ова ќе ја отстрани потребата корисникот да менува апликации, вели директорот на Gowalla, Џош Вилијамс, ќе се сконцентрира на квалитетот на апликацијата, наместо да го одбира најпопуларниот сервис.

Ова може да биде паметен потег на Gowalla 3. Наместо да се трка со поголемите, Gowalla сега станува алатка. Апликацијата има опции, фаќање белешки, споделување слики и коментирање и сега ги има сите локации на едно место. Не само што нема да изгуби корисници, туку може да добие кредибилитет како корисна мрежа/алатка која ќе ја искористи популарноста на другите за да стане поголема, или евентуално да биде купена од поголемите.

Интересно, интеграцијата на Foursquare не е договорена, туку Gowalla го користи нивното API што Foursquare може да го блокира. Но, од друга страна и на Foursquare може да му се допадне идејата за пристап до повеќе корисници популаризирајќи ги сервисите за споделување локација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии